All for Joomla All for Webmasters

                                       
ИСТОРИЈАТ                  

                                                         
Унимак 95 ДООЕЛ е приватно трговско друштво, основано во 1995 година. Започнува со трговија во малопродажба, на почеток со еден маркет. Подоцна проширирувајќи се со уште неколку малопродажни објекти, меѓу кои и Макси маркет кој започнува со работа во 2017 година. Овој маркет е најголем во ланецот на малопродажни објекти, издвојувајќи се од останатите по тоа што во склоп на објектот функционира сопствена месара, како и кујна која располага со широк спектар на готови јадења приготвени по светски стандарди- од отворањето до денес.

Од 1999 година започнува трговија на големо со сувомеснати производи како и алкохолни пијалоци, за подоцна да развие своја локална дистрибутивна мрежа со сопствен возен парк и комерцијалисти која што и ден денес функционира. 

Своето работење во однос на трговијата на големо Унимак 95 ДООЕЛ го проширува преку дистрибуција на Прилепска Пивара како ексклузивен дистрибутер на територија на град Кичево, соработка која до ден денес успешно функционира.                                      
                                        
ДЕНЕС     

                                                                       
Унимак 95 денес има преку 50 вработени за различните дејности што ги обавува. Во моментот компанијата располага со 5 маркети, 1 Liquor Store со канцелариски простор, магацински простор од приближно 1000м2 и возен парк од товарни и комерцијални возила. Локален дистрибутер е на Прилепска Пиварница како како издвоен сегмент во дистрибуцијата. Покрај тоа е единствен локален дистрибутер на многу дистрибутерски куќи за алкохолни пијалоци како Бадел, Гемак, АВТ, Саманта, ХМ Спирит и други. Застапник е и на неколку винарии како Стоби, Бовин и др.      

                                 
Исто така е дистрибутер за многу безалкохолни пијалоци и напитоци како Цедевита, Ред бул, Браво-раух, Нескафе и многу други. Освен по тоа што е познат по својата техничка спремност и инфраструктура за дистрибуција како и љубезност и спремност на персоналот во маркетите,Унимак 95 се смета за една од ретките фирми што негува долготрајна комуникациска врска и континуирано и навремено снабдување на нашите коминтенти долг временски период.  

                                     
Во текот на изминатите години Унимак 95 покажа и високо ниво на општествена одговорност, преку континуирано зголемување на бројот на работни места во локални рамки. Исто така нашата компанија помага во реализација на активности кои се од значење за пошироката популација, со донации и спонзорства за многу спортски и културни настани.

Нашата компанија преку успешното работење дава свој придонес кон пошироката заедница преку редовното плаќање на своите обврски во вид на данок на додадена вредност и другите давачки од кои се финансираат редовните активности на пошироката заедница. 

                      

ВИЗИЈА    

                                                                 
Во фокусот моментално проширување на малопродажната и дистрибутивната мрежа во и надвор од локални рамки. Како и надоградба на моменталните ресурси, преку воведување на нови производи и услуги. Преку континуирано вложување во нашите вработени во усовршување и доквалификација ќе обезбедиме услуга со врвен квалитет, како и кадар кој на најдобар начин ќе ја претставува компанијата.

МИСИЈА     

Наша мисија е обезбедување на високо квалитетна услуга за потрошувачот, како и комплетна и навремена снабденост со производи по најповолни цени-со цел олеснување на пристапот до производите кои им се потребни на нашите потрошувачи. Креирајќи лојалност помеѓу компанијата и потрошувачот, како и успешна и долгорочна соработка со нашите соработници.                       
                   
МЕНАЏМЕНТ                                                                          
Управител- Саша Милошески                                      

Style Selector

Layout Style

Predefined Colors

Background Image